Лица за контакт:
д-р Василка Димоска
Раководител на програма,ПОРАКА
Телефон: +389 2 3296 961
Факс: +389 2 3296 960
е-пошта:
poraka@t-home.mk
г-дин Ерве Гутие
Соработник на проекти, ЕАСПД
Телефон: +32 2 282 46 13
Фах: +32 2 230 72 33
е-пошта: herve.gauthier@easpd.eu
Конференцијата „КОН ЖИВЕЕЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА: актуелни состојби и идни предизвици“ се одржа во Скопје во периодот 7-9 октомври 2010 година.
Главната цел на конференцијата беше да се олесни целосното вклучување на лицата со инвалидност во општеството, во духот на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност (КОНПЛИ).
Тоа се постигна преку богатство од дискусии за различните актуелни состојби во сите региони на Европа, бидејќи ние веруваме дека взаемното учење е клучот за успех. Говорници и учесници од сите делови на континентот имаа можност да споделат искуства и да изградат мрежи на сите нивоа. Тоа им овозможи подобро да ги разберат разликите помеѓу нив, но и создаде услови за градење заедничка визија за тоа како конкретно да се придонесе за подобрување на условите за живот на лицата со инвалидност.
Дискусиите беа засновани на:
· Специфичната состојба на релевантните чинители во областа на инвалидноста во различните региони на Европа и предизвиците со кои тие се соочуваат
· Желбата да се промовираат, олеснат и зајакнат практиките на соработка помеѓу чинители во областа на инвалидноста
· Меѓународните политики и текстови релевантни за оваа област
220 учесници од преку 25 Европски земји:
· Професионалци, обезбедувачи на сервисни служби
· Лица со инвалидност и нивните семејства
· Истражувачи и научни работници, едукатори
· Креатори на јавните политики
Место на одржување: Хотел Континентал, Скопје, Р. Македонија
Активности на ЕАСПД: сабота, 9 октомври, 2010 година
Јазици: македонски, англиски, германски и француски
Организатори:
ЕАСПД, Републички центар за поддршка на лицата со интелектуална попреченост - ПОРАКА, „Отворете ги прозорците“ и Македонското научно здружение за аутизам
Презентации:
Презентациите или резимеата од обраќањата на говорниците се поставени во делот Програма. Кликнете на истакнатите имиња на говорниците за да ги погледнете/преземете.
Манифест:
Заклучоците и препораките на учесниците се сумирани во Манифестот од конференцијата. Кликнете на линкот за да го погледнете/преземете документот.











